ВОДАТА

Водата во рибниците на ИЗВОР доаѓа од изворите на реката Треска и реката Белица и истата достигнува до 10 000 литри во секунда.

НАШИТЕ . РЕСУРСИ

ВОДАТА . И . ПАСТРМКАТА

Квалитетот на водата за одгледување на рибата се мери според неколку критериуми: провидност на водата, тек на водата, специфичната гравитација и температура на водата. Водата за производство на пастрмка треба да биде ладна, чиста и бистра и да нема опасност од загадување.

Стандард: 21 – 25 cm
Со цел да се заштитат залихите на риба, компанијата “Извор” постојано инвестира во одржување на фауната во рибниците за пастрмка. Овој пристап значително ја зголемува хранливата вредност на водата и на средината во која живее рибата. Ова овозможува затемнување на рибниците во лето со што се намалува стресот кај рибата. Овој тип на производство има значително влијание на здравјето на рибата, а истовремено и на квалитетот на месото од рибата.
Стандард: 400l/sec
Текот на водата или брзината на водата влијае на количината на гас во водата, на температурата на водата, на содржината на хранливи материи и минерални соли, а исто така влијае и на брзината на отстранување на штетните метаболички супстанции.  Близината на изворот на вода до рибниците на компанијата Извор, а исто така и техничките решенија за брза циркулација на водата, овозможуваат оптимално задоволување на овие потреби за квалитетот на водата.
Стандард: 8-16 C
Температурата на водата е дирекно поврзана со метаболизмот на рибата.  Намалувањето на температурата на водата за 1 степен го забавува метаболизмот на рибата за 10%. Најдобра температура за производство на пастрмка е од 8 до 16 степени Целзиусови.  Надвор од овие граници, метаболизмот на рибата е нарушен и значително влијае на нивниот раст и развој.
Стандард: 8,5 – 11,6 mg/l
Пастрмката користи голема количина кислород. Оптималната количина кислород во водата за производство на пастрмка варира помеѓу 8,5 и 11,6 милиграма на литар. Близината на рибниците на Извор до изворите на вода, а исто така и техничките решенија на рибниците, обезбедуваат пристап на вода до рибата со оптимална количина на растворен кислород по природен пат.  Со цел да се прилагоди просечното зголемување на атмосферската температура и со тоа да се зголеми температурата на водата во летниот период, Извор поседува систем за испорака на вештачки кислород кој се користи во исклучителни ситуации.
Стандард: до 2 mg/l
Дозволената количина на јаглерод диоксид во водата е 2 милиграма на литар. За функцијата на пастрмката постои минимална количина јаглерод диоксид во водата.  Близината на изворот на вода и брзиот тек на водата во рибниците на компанијата Извор овозможува мала количина на јаглерод диоксид.
Стандард pH: 7,5 – 8,5
pH вредноста на водата или исто така позната како киселост на водата за потребите на производство треба да варира меѓу 7,5 и 8,5.
СТАНДАРДНИ . ПАРАМЕТРИ
Параметар Оптимално Извор Извор Белица
ПРОВИДНОСТ НА ВОДА 20 – 25 cm 21 cm 20 cm
ТЕК НА ВОДА 400 л/сек 6000 л/сек 10 000 л/сек
ТЕМПЕРАТУРА 8 – 16 C 11 C 11 C
O2 8,5 – 11,6 9 – 11 9 – 11
CO2 0,2 – 2 мг/л 0,4 мг/л 0,3 мг/л
PH ВРЕДНОСТ 7,5 – 8,5 7,9 7,7