НАЈБЛИСКУ . ДО . ПРИРОДАТА

Процесот на производство на пастрмка во рибниците на Извор е од највисок квалитет во регионот. Ова го постигнуваме преку одржливо искористување на ресурсите и модерните технологии. Близината на изворот на вода до рибникот е уникатна карактеристика и во комбинација со чистата природа придонесуваат за одличен квалитет и вредност на крајниот производ.

МИСИЈА

“… преку одржливо користење на водата и чистата животна средина, постојано се стремиме да обезбедиме пастрмка и производи од пастрмка кои ги задоволуваат највисоките стандарди за квалитет и безбедност на храната”

ВИЗИЈА

“Водечки производител на пастрмка и производи од пастрмка со највисоки стандарди за квалитет и безбедност на храната”

ПРИНЦИПИ

НАЈВИСОКИ СТАНДАРДИ ЗА КВАЛИТЕТ И БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА
Квалитетот и безбедноста на месото е главниот фокус во текот на секојдневното работење. Константно работиме да обезбедиме производи кои имаат висока хранлива вредност, производи целосно безбедни и здрави за конзумација.
ПОЧИТ КОН ПРИРОДАТА
Нашето постоење е базирано на дарот од природата. Неуморно сме посветени на континуирано подобрување на производствената технологија која обезбедува обновлива употреба на вода и заштита на животната средина.
БЛАГОСОСТОЈБА НА РИБАТА
Целосно сме свесни за врската помеѓу здравјето на рибата и квалитетот на месото. Токму затоа и обрнуваме посебно внимание да ги обезбедиме оптималните услови кои го минимизираат стресот кај рибата и со тоа ги достигнуваме највисоките стандарди за квалитет.
ТИМ
Производството на рибата значи оптимална синхронизација на сите стадиуми на производство. Да ја достигнеме таа цел потребен е хармонизиран и професионален тим. Дополнитено, да се биде дел од тимот Извор значи да се почитува природата и рибата како живо суштество.