ЗДРАВО
НЕЗАСИТЕНИ . МАСНИ . КИСЕЛИНИ
Месото од пастрмка е здрав и хранлив производ кој игра важна улога во исхрана на луѓето. Tоа преставува богат извор на незаситени масни киселини. Месото од пастрмка лесно се вари бидејќи кратко се задржува во стомакот и прави помало оптоварување на дигестивните органи. Ова е поради недостатокот на колаген и еластин и присуството на цврсти мускулни влакна во месото.
ХРАНЛИВОСТ
МИКРО . И . МАКРО . ЕЛЕМЕНТИ
Месото од пастрмката е важен извор на макро и микро елементи за човековата исхрана. Пастрмката е богат извор на протеини (потребни за нормален раст и развој), извонреден извор на P и Sе и исто така и витамини Б12, Б6, Б1, А и нијацин и пантотенска киселина. Месото од пастрмката содржи одредени количини железо, калциум, магнезиум, цинк и бакар, исто така и витамин Б2 и витамин Ц.