НАЈБЛИСКУ ДО ПРИРОДАТА

Одржливо. Безбедно. Висок квалитет

ЗА НАС

Бизнис концептот на компанијата Извор е базиран на дарот од природата, традицијата, стручноста и визијата за константна иновација во производство на квалитетна и безбедна храна.

Извор е водечки капацитет во земјата за производство на свежа пастрмка и пастрмка за конзумација, со годишно производство од 400 тони свежа риба.

Извор има два рибника, тоа се рибникот Извор и рибникот Извор Белица, кои произведуваат 5 видови на пастрмка. Дополнително Извор поседува сопствен капацитет за производство на рибен помладок од пастрмка.

400
ТОНИ ГОДИШНО ПРОИЗВОДСТВО

Нивната географска локација и извонредните хидролошки капацитети на водените ресурси ги прават овие два производствени капацитети оптимална средина за производство на пастрмка со врвен квалитет која ги исполнува највисоките светски стандарди за безбедна храна.

Денес компанијата има 25 вработени и дистрибутивна мрежа која овозможува редовна достава на свежа риба на целата територијата на Република Македонија како и соседните држави.

ПРОИЗВОДСТВО НА ПАСТРМКА СО ВРВЕН КВАЛИТЕТ ПО НАЈВИСОКИТЕ СВЕТСКИ СТАНДАРДИ ЗА БЕЗБЕДНА ХРАНА

ШТО . НЕ. ПРАВИ . ПОРАЗЛИЧНИ?

Близина на вода

Изворот на вода е во непосредна близина и тоа е уникатна карактеристика на нашиот рибник во Македонија.

Две годишни мрестења

Мрестење 2 пати годишно – зимско и летно мрестење.  Имаме два типа на подмладок – калифорниска пастрмка и речна пастрмка.

Модерни капацитети

Нашиот рибник располага со модерни капацитети за производство на помладок.  Нашиот подмладок не е вакциниран што допринесува за подобар квалитет на крајниот производ.

ПАСТРМКАТА

omega

Извор на Омега

Само 100 грама пастрмка обезбедува 1000 милиграми EPA и DHA.  Овие масти се од витално значење за функцијата и развојот на мозокот, за здрави хормони, за плодноста, кожата, косата, ноктите и за енергија.  Омега 3 мастите исто така имаат анти-воспалителни ефекти, па затоа се корисни при некои воспалителни пореметувања како што е артритисот.

protein

Извор на Протеин

21 грама протеини обезбедени од страна на 85 грама пастрмка претставуваат 37 проценти од препорачаната дневна доза за возрасен маж, а речиси 46 отсто од дневните потреби за возрасна жена. Пастрмката е исто така добар извор на минерали, вклучувајќи ги и селен и железо.

fat

Масти

Пастрмка содржи вкупно 6 грама на масти, 1,4 грама заситени масти и 60 милиграми холестерол во секоја порција од 85 грама. Таа е добра замена за протеини во исхраната за месо како говедско, свинско и јагнешко месо, кои содржат значително поголема количина на заситени масти и холестерол. Пастрмката е исто така добар извор на витамин Б12, кој слабо се добива од исхраната.

МРЕСТЕЊЕ . НА . ПАСТРМКА

Значајна предност на компанијата ИЗВОР претставува можноста за мрестење на пастрмката два пати годишно: летен и зимски мрест

10
МИЛИОНИ ПАРЧИЊА КАПАЦИТЕТ

ВИДОВИ . ПАСТРМКА

ЗЛАТНА ПАСТРМКА

Златната пастрмка е резултат од вкрстувањето на жолт мажјак од Калифорнија со женка од Калифорнија со стандардна боја. Споредено со стандардната пастрмка, содржи три пати повеќе масти во структурата на месото, чија вредност варира помеѓу 7 и 12 проценти.

КАЛИФОРНИСКА ПАСТРМКА

Потекнува од брегот на Тихиот океан на Северна Америка, а во Европа е пренесена во 1882 година. Се мрести од две или три годишна старост во периодот од Ноември до Март.

РЕЧНА ПАСТРМКА

(Поточарка) е домашен и ендемичен вид на пастрмка, типична за водите во земјава. Бојата на телото очигледно е потемна од другите видови на пастрмка. Овој вид на пастрмка се мрести во периодот од Ноември до Јануари.

МАТИЦИ

Пастрмката нема потомство природно во водни системи, па оттука и јајцата се вештачки создадени од високо квалитетни матици, кога се целосно зрели. Матиците се избрани за брз раст и рано созревање (вообичаено по 2 години).

ПОДМЛАДОК

Грижата за подмладокот од пастрмката во тој стадиум е критичен за понатамошниот живот на пастрмката. Несоодветната исхрана и грижа за подмладокот може многу да влијае во текот на нивниот понатамошен живот. Извор има два вида на подмладок – калифорниска и речна пастрмка

Исхрана во рибникот Извор се состои од специјализирана храна за риби произведена од водечкиот производител на храна за риби Coppens