РИБНИК ИЗВОР
ЛОКАЦИЈА
Рибникот Извор се наоѓа на 100 километри оддалеченост од главниот град Скопје. Локацијата се карактеризира со извонредни природни услови за одгледување риба. Климата е стабилна, без драстични промени во температурата и другите временски услови. Најблискиот индустриски капацитет е на најмалку 50 километри оддалеченост. Локацијата на рибникот е многу добро поврзана со главните патишта во земјата што овозможува редовна и навремена дистрибуција на рибата. Рибникот се наоѓа на самиот речен извор на една од најубавите реки во Република Македонија, реката Треска.
КАПАЦИТЕТ
Рибникот има капацитет на производство од преку 300 тони пастрмка и обезбедува живеалиште на 3 видови пастрмка: Калифорниска, Речна и Златна пастрмка. Рибникот има 40 базени за риба и најмодерните капацитети за мрест со годишно производство од повеќе од 10 милиони парчиња. Рибникот Извор има 20 вработени.